Уапсен Љубе Бошковски!

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски со хартиена кеса полна со пари беше уапсен пред скопскиот ресторан «Воденица». При апсењето во багажникот на автомобилот на лидерот на ОМ Љубе Бошковски марка «ланчија», полицијата запленила околу 100.000 евра, пиштол и една патна исправа. Првичните информации говорат дека причините за приведувањето е нелегално финансирање на изборната кампања на Брат Љубе и кривично дело злоупотреба на службена должност како лидер на партија. Хашкиот повратник видно вознемирен и во плач при приведувањето пред полициското возило рече «Што ми требаше, ме наместија!» Поранешниот министер за внатрешни работи, според МВР досега на три наврати примал поткуп за финансирање на политичка партија. Портпаролот на МВР Иво Котевски на прес-конференција ја потврди информацијата и деталите околу приведувањето на Бошковски. – Лидерот на ОМ во три наврати земал мито. Во првите два пати Бошковски најпрво зел десет, па дваесет илјади евра за време на изборниот циклус, рече Котевски. Тој посочи дека за полициското приведување на Бошковски претходно имало судска одлука, која дала дозвола за спроведување на акцијата. Од неговата партија Обединети за Македонија ја потврдија информацијата за апсењето на нивниот лидер, коментирајќи дека бил наместен. Сопругата на уапсениот Љубе Бошкоски, Виолета Бошкоска, видно вознемирена се појави пред ресторанот «Воденица» каде бараше одговори што се случило со нејзиниот сопруг. Таа пред новинарите рече дека за апсењето на

Оставить комментарий

Поиск
Реклама
Опрос

Какой тематики новости Вам интересны более всего?

View Results

Loading ... Loading ...
Май 2012
Пн Вт Ср Чт Пт Сб Вс
« Апр    
 123456
78910111213
14151617181920
21222324252627
28293031